Ердоган: Ако го заборавиме духот на Малазгирт ќе немаме ниту свое минато, ниту своја иднина

Претседателот Р. Т. Ердоган истакна дека турскиот народ во 1071 година во Малазгирт прогласи до целиот свет каков народ ѐ и дека ако го заборавиме духот на Малазгирт ќе немаме ниту свое минато, ниту своја иднина

1037936
Ердоган: Ако го заборавиме духот на Малазгирт ќе немаме ниту свое минато, ниту своја иднина
Erdogan_Malazgirt Zafer_Ahlat_04.Jpeg
Erdogan_Malazgirt Zafer_Ahlat_05.Jpeg
erdogan malazgirt.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во населеното место Ахлат кај градот Битлис учествуваше на програмата по повод прославата на 947-годишнината од Битката на Малазгирт (1071 година).

Во говорот што го одржа во оваа пригода претседателот Ердоган истакна дека турскиот народ во 1071 година во Малазгирт прогласи до целиот свет каков народ ѐ.

Ердоган рече: „Кога ќе погледнеме пред тоа Малазгирт се Мека, Ерусалим (Кудс), а кога ќе погледнеме подоцна Малазгирт се Бурса, Едирне, Истанбул, Румелија и целиот Балкан. Ако го заборавиме духот на Малазгирт ќе немаме ниту свое минато, ниту своја иднина.  Ние во Малазгирт прогласивме до целиот свет каков народ сме.“

Велејќи дека Анадолија претставува вид брана, претседателот Ердоган рече: „Ако се сруши оваа брана нема да останат ниту Блискиот исток, ниту Африка, ниту Централна Азија, ниту Балканот, ниту Кавказ.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган најави дека во Ахлат на површина од 10 илјади квадратни метри ќе биде изграден Голем шаторски центар кој што ќе располага со простор за седење од 1071 квадратни метри.

Во склопот на прославите на 947-годишнината од Битката на Малазгирт претседателот Реџеп Тајјип Ердоган заедно и со министрите во негова придружба во населеното место Ахлат ги посети и селџутските гробишта „Мејдан“.  

Овде претседателот Ердоган му се обрати на насобраниот народ каде што истакна дека поставените цели за 2023, 2053 и 2071 година се значајни и го нагласи значењето на единството и слогата.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган својот говор го заврши со зборовите „Сакајте се меѓусебно, немојте да држите омраза, немојте да западнете во неслога.“

На присутните им се обрати и претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим кој рече: „Оние кои се обидуваат да го нарушат нашето единство треба да знаат дека нашата суштина е толку многу цврста што никако нема да успеат во тоа.“ 

Јилдирим истакна дека не вродија резултат обидите за економски преврат во Турција и обидите на предавниците за воен удар како оној на 15 јули.  

Претседателот на собранието Бинали Јилдирим оние кои се обидоа да и се закануваат на Турција секогаш го добија заслужениот одговор.

Селџутскиот султан Алпарслан на 26 август 1071 година на битката кај Малазгирт (Манцикерт) кај денешниот град Муш ја порази византиската војска со што беа отворени и вратите на Анадолија за Турците.

 



Слични вести