Покрај сите разлики, духот на Малазгирт ни покажа дека можеме да го сочуваме единството

Претседателот Ердоган рече дека истиот дух на Малазгирт се покажа и на 15 јули 2016 за време на обидот за воен удар во земјава

1037514
Покрај сите разлики, духот на Малазгирт ни покажа дека можеме да го сочуваме единството

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган објави пораки по повод годишнината од Победата на Малазгирт на 26 август 1071 и Неделата на победата на 26 август.

Ердоган во пораката подвлече дека покрај внатрешните и надворешните напади врз земјава, причината за над илјадагодишното опстојување на народот на овие простори се должи на духот на Малазгирт.

Победата на Малазгирт која овозможи Анадолија да стане вечна татковина како и Големата офанзива кон крајот на август која претставува значајна пресвртница во борбата за слобода на Турскиот народ, се основните причини поради што оваа ендела се одбележува како Недела на победата, рече Ердоган.

Славниот марш што го започна нашиот голем народ во 1071 година во Малазгирт, по победата која беше извојувана и покрај сите тешкотии, заврши со формирањето на Републиката. Народот кој на 30 август се соочи со изборот „слобода или исчезнување“ покажа што се може да направи и на тој начин на целиот свет му прогласи што се може да направи за независноста и честа.

Ердоган во пораката по повод Победата на Малазгирт рече:

Покрај сите разлики, овој дух ни покажа дека можеме да го сочуваме единството, поради што никој не ќе може да не одврати од предвидените цели и визијата за 2023, 2053 и 2071.

Претседателот Ердоган рече дека истиот дух на Малазгирт се покажа и на 15 јули 2016 за време на обидот за воен удар во земјава.

Во пораката по повод НЕделата на победата, Ердоган подвлече на значењето на братството и единството на земјата.

Братството и единството што го покажавме наспроти нападите врз економската и политичка независноста, истовремено ја одразува решителноста на народот за зачувување на својата волја, рече Ердоган.



Слични вести