Турција го осуди Израел за незаконското градење станбени објекти

Остро ја осудуваме одлуката на Израел за одобрување за изградба на 2 илјади нови дополнителни објекти во окупираните територии на Западниот Брег

1037052
Турција го осуди Израел за незаконското градење станбени објекти

Турција ја осуди одлуката на Израел за градење дополнителни објекти во нелегалните населби.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи беше истакнато дека се осудува одлуката на Израел за градење дополнителни објекти во нелегалните населби.

Во соопштението на МНР беше истакнато следното:

„Остро ја осудуваме одлуката на Израел за одобрување за изградба на 2 илјади нови дополнителни објекти во окупираните територии на Западниот Брег“.

Овие чекори кои се фрлени без да се земат во предвид меѓународното право и резолуциите на ОН, ќе предизвикаат непоправлива штета на мировниот процес.

Спротивставувањето на имплементацијата на овие одлуки со кои се прекршуваат неоткажливите права на Палестинсиот народ претставува правна и совесна обврска. Ја повикуваме меѓународната заедница да ја одржи оваа совесна обврска.

Од 1967 година наваму, кога Израел почна со окупацијата на палестинските територии, на ридовите во Западниот брег изгради  131, во Источен Ерусалим 10, во Западниот Брег 116 еврејски населби.

Во еврејските населби во Западниот Брег живеат околу 500 илјади, во Источен Ерусалим околу 220 илјади доселеници. Израел за кратко време планира бројот на еврејските доселеници во Западниот Брег да го зголеми на 1 милион Евреи.

Според меѓународно право, сите еврејски населени места во Западниот Брег се сметаат за нелегитимни.



Слични вести