Неприфатливи се одлуките на грчкото правосудство кое ги отвори портите на земјата за терористите

Одговорноста за правниот масакр припаѓа на грчката политика која го негира меѓународното право

1036556
Неприфатливи се одлуките на грчкото правосудство кое ги отвори портите на земјата за терористите

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул рече дека ниту едно лице или раководство кое верува во универзалните правни и демократски вредности не може да ги прифати одлуките на грчкото правосудство со кои се отворија портите за терористите.

Министерот Ѓул својата реакција во врска со одлуката за доделување азил на пучистите на ФЕТО кои по обидот за воен удар на 15 јули 2016 година пребегнаа во Грција ја изнесе преку постот на профилот на твитер.

Министерот Ѓул во постот напиша одговорноста за правниот масакр припаѓа на грчката политика која со негирање на меѓународното право, отворање на границите на земјата за терористите, Грчкото правосудство и неговите членови обезбеди безбедно терористичко пристаниште.

Без оглед на тоа кој и каква одлука усвоиле, Турција одлучно ќе продолжи со борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). Сите оние кои што ги штитат терористите кои се насочени против опстојувањето на Турција треба да бидат свесни за последиците кои што ги налага нивниот избор. На крајот на оваа достоинствена и решителна борба, сите единици, земји, раководители, членови на правосудните органи кои што намерно и на еден организиран начин вршат правно убиство, ќе бидат осудени од страна на историјата.



Слични вести