Централните банки на Турција и катар потпишаа договор за размена на валута

Со договорот ќе се обезбеди ликвидност и поддршка за финансиската стабилност, заедно со олеснувањето на размената на трговијата меѓу Турција и Катар

1035326
Централните банки на Турција и катар потпишаа договор за размена на валута

Претставниците на Централните банки на Турција и Катар во Доха, главниот град на Катар потпишаа договор за размена на валута.

Според извори од турската централна банка, првиот чекор е преземен откако Катар минатата среда вети дека ќе инвестира 15 милијарди долари инвестициски пакет во Турција.

Договорот има за цел да ја зајакне билатералната соработка помеѓу двете банки преку воспоставување двонасочна размена на валута.

Се наведува дека ова ќе обезбеди ликвидност и поддршка за финансиската стабилност, заедно со олеснувањето на размената на трговијата меѓу Турција и Катар.

Договорот, исто така, ќе придонесе за збогатување на резервите на двете земји. Финансирањето за првата фаза од договорот се очекува да изнесува 3 милијарди долари.



Слични вести