Претседателот Ердоган им го честиташе празникот Курбан бајрам на сите муслимани

Турскиот народ и денес продолжува да ја покажува својата доблест

1035469
Претседателот Ердоган им го честиташе празникот Курбан бајрам на сите муслимани

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган по повод празникот Курбан бајрам објави видео порака.

Ердоган во пораката рече дека „Нема никаква разлика меѓу нападот врз нашата економија и директниот напад на нашиот езан и знамето. Целта е иста. Целта е да ја натераат Турција и турскиот народ да потклекнат и да бидат заробени.“

Во денешната видео-порака Ердоган им го честиташе претстојниот празник Курбан бајрам на сите граѓани изразувајќи благодарност на Аллах за тоа што имал можност да доживее уште еден празник.

Посакувам празникот Курбан Бајрам да донесе добро на целиот исламски свет и човештвото, рече Ердоган изразувајќи желба празникот да биде средство за благосостојба и бериќетот како и олеснување од тешкотиите.

Благодарение на единството и солидарноста на турскиот народ во добрите и лошите денови, илјадници години успеавме да опстојуваме како народ и држава рече претседателот Ердоган потенцирајќи дека истото единство и солидарност се најсилното  оружје во борбата против сите напади, обиди за државен удар, стапици со кои се соочува Турција во последно време.

Турскиот народ и денес продолжува да ја покажува својата доблест, рече Ердоган нагласувајќи дека веднаш по одбележувањето на празникот Курбан Бајрам, ќе ја одбележиме и 947-та година од Победата на Малазгирт. Ние сме народ кој од минатото па се до денес помина низа тешкотии. Сите напади насочени против нашите симболи на мирот како што се езанот и знамето, ги одбивме со иста одлучност.

Идната недела ќе ја одбележиме 96-та годишнина од Празникот на победата 30 август, кој исто така претставува еден од значајните предвесници на волјата за заштита на татковината.

На 15 јули 2016 година уште еднаш покажавме дека сме решителни во одбраната на нашите територии по секоја цена. Нема никаква разлика меѓу нападот врз нашата економија и директниот напад на нашиот езан и знамето. Целта е иста. Целта е да ја натераат Турција и турскиот народ да потклекнат и да бидат заробени. Ние сме народ којшто наместо да ни стават јарем на главата, преферираме да ни ја исечат главата. “



Слични вести