Не потклекнавме и нема да им потклекнеме на „стратешките партнери“

Ја видовме вашата игра и ва предизвикуваме, рече претседателот Ердоган

1034897
Не потклекнавме и нема да им потклекнеме на „стратешките партнери“

Претседателот на државата и претседател на Партијата за правда и развој (АК партија) Реџеп Тајип Ердоган во говорот на првиот конгрес на партијата во новиот систем се осврна на економската војна против Турција.

Претседателот Ердоган на 6-от редовен конгрес на АК партијата упати јасни пораки до САД.

„Наводно одредени средини ни се закануваат со економијата, санкции, курсни и девизни закани, зголемување на каматаните стапки и инфлацијата. Ја видовме вашата игра и ва предизвикуваме“ рече Ердоган.

„Свесни сме дека ако има верба, има и можности. Нашиот народ со силната верба преброди низа предавства и стапици.

Не потклекнавме и нема да потклекнеме на оние кои што својата благосостојба и прогрес ги формираа врз основа на експлоатацијата на другите во светот.

Не признаваме ниту еден смртник кој може да му се спротивстави на овој народ.  Никој не треба да помисли дека би можел да се поигра со нашиот народ и држава. Ние сме народ кој зацртаниот пат го остварува со паролата „или ќе бидеме или ќе умреме“. Не потклекнавме и нема да им потклекнеме на сите оние  коишто од надвор ни се претставуваат како „стратешки партнери“, кои од аспект на чекорите што ги преземаат во суштина не покажуваат како цели“ рече претседателот Ердоган.

„Уште еднаш извикувме дека нема да успеете, не ќе можете да го поделите нашиот народ, не ќе можете да го замолчите нашиот езан, не ќе можете да го симнете нашето знаме, не ќе можете да ја урнете нашата држава, не ќе можете да го спречите подемот на Турција, не ќе можете да ги спречите нашите цели. Бидејќи ние сме Турција, ние сме турскиот народ, ние сме муслимани, ние сме заедничкиот глас на човештвото и совеста“ рече Ердоган.

„Ќе продолжиме со прекуграничните операции коишто ги започнаве со цел да ја обезбедиме безбедноста на нашите територијални граници. Без  оглед на цехот. решителни сме во уништувањето на сите закани насочени кон нашата земја кои потекнуваат од Сирија и Ирак“ рече Ердоган.

„Сето она што претходно го направивме во Џераблус, Ал Баб, Африн, истото ќе го направиме по должината на нашите граници се до во Суруч, Џизра“ беше дециден претсдетаелот Ердоган во говорот на 6-от редовен конгрес на АК партијата.



Слични вести