За една недела се неутрализирани 52 терористи на ПКК од кои 7 од водечкиот кадар

Во операциите реализирани во периодот од 10 до 16 август внатре во границите на земјата кај градовите Ширнак и Сиирт и преку границата на северот на Ирак се неутрализирани 52 терористи на ПКК од кои 7 од водечкиот кадар на оваа терористичка организација

1034362
За една недела се неутрализирани 52 терористи на ПКК од кои 7 од водечкиот кадар

Во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во последната една недела се неутрализирани 52 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК од кои 7 од нејзиниот водечки кадар.

Генералштабот ги сподели информациите во врска со реализираните операции во последната една недела, во периодот од 10 до 16 август. 

Според тоа во операциите реализирани во последната една недела внатре во границите на земјата кај градовите Ширнак и Сиирт и преку границата во северниот дел на Ирак се неутрализирани 52 терористи на ПКК од кои 7 од водечкиот кадар на оваа терористичка организација.

Меѓу неутрализираните се наоѓа и високорангираниот терорист на ПКК одговорен за подрачјето на Синџар во северниот дел на Ирак, Исмаил Озден, познат под кодното име „Мам Зеки Шенгали“.

Во рамките на реализираните активности за пребарување и спасување беа запленети големи количини оружје, а беа уништени и 41 експлозивна направа од рачна изработка на терористите.

Бројот на неутрализираните терористи во операцијата Маслиново гранче во подрачјето на Африн во Сирија пак кое е исчистено од терористите изнесува 4.573.

Од 18 март кога беше целосно воспоставена контролата во подрачјето на Африн досега беа пронајдени и уништени 263 мини и 1.381 експлозивна направа од рачна изработка.

 



Слични вести