САД не можат да согледаат кој им е вистински пријател

Моменталните политики на САД не можат да се предвидат,

1034042
САД не можат да согледаат кој им е вистински пријател

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека САД не можат да согледаат кој им е вистински пријател.

Во говорот на затворањето на 10-та Амбасадорска конференција Чавушоглу се осврна на неповолните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Турција.

Турција не направи никаква грешка во односите со САД. Без оглед на тоа за кого станува збор, кога лицето кое е изложено на некое обвинение ќе функционира правосудниот процес.

Министерот Чавушоглу рече дека Турција не ги поддржува напаѓачите на САД и не дава оружје на терористичките организации.

Наспроти тоа САД им даде оружје на сириската фракција ПЈД/ЈПГ на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и ги зеде под заштита приврзаниците на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО кои на 15 јули 2016 година се обидоа да извршат воен удар во Турција.

Дали доделувањето илјадници камиони оружје се коси со пријателството, или пак функционирањето на правниот процес во Турција (кој се однесува на поврзаноста на свештеникот со терористичките организации ФЕТО и ПКК)?

Во неколку наврати на американските соговорници им рековме дека евентуалните санкции и притисоци нема да имаат никакво влијание врз Турција, а исто така потенциравме дека во случај на пријателски и правен приод на случајот, нема да остане потреба од напнатост.

САД треба да согледаат дека овие работи не личат на некој каубојски филм. Ние не снимаме каубојски филм. Ние сме две големи земји чии односи треба да бидат добри и ќе научиме меѓусебно да се почитуваме. Почитувањето не се постигнува со притисок, туку со пријателски и респектен приод, рече Чавушоглу.

Моменталните политики на САД не можат да се предвидат, исто така овие политики не се поддржуваат ниту од страна на Европа.

Ние не сакаме проблеми ниту со една земја. Никогаш нема да бидеме среќни од проблемите со САД. Многу лесно можеме да ги решиме проблемите со САД, но за жал не со моменталниот приод на оваа земја, рече Чавушоглу.



Слични вести