На утрешниот конгрес на АК Партијата ќе допатуваат голем број гости од странство

За конгресот на владејачката АК Партија кој ќе се одржи утре во Спортската сала во Анкара се поканети 414 гости од странство и голем број гости од земјата

1034518
На утрешниот конгрес на АК Партијата ќе допатуваат голем број гости од странство

За конгресот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) се поканети 414 гости од странство.

Конгресот на АК Партијата ќе се одржи утре во Спортската сала во Анкара.

Ова е прв конгрес на владејачката партија по преминот кон претседателски систем на власта и согласно новиот систем на управување ќе бидат направени измени и во нејзиниот статут. 

Со новите надополнувања и измени во Централниот одлучувачки и управен одбор (MKYK) ќе можат да учествуваат и членови од претседателскиот кабинет.

Исто така ќе продолжи и статусот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган потпретседател на АК Партијата, кој што беше поставен во статутот со нов член по неговиот избор за претседател на третиот вонреден конгрес на партијата.

Меѓу поканетите гости за утрешниот конгрес на АК Партијата се наоѓаат 414 гости од странство, машки и женски претставници на 409 граѓански организации, 217 хендикепирани и блиски на газии (ветерани) и шехиди (паднати борци), претставници на 124 странски мисии, претставници на 70 меѓународни организации и институции, претставници на 38 странски политички партии, претставници на 29 странски граѓански организации кои делуваат во Турција.



Слични вести