Ибрахим Калин: Два дена како се доживува брзо опоравување во економијата

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин истакна дека со мерките кои што беа преземени два дена како се доживува брзо опоравување во економијата

1034050
Ибрахим Калин: Два дена како се доживува брзо опоравување во економијата

Вчера во претседателската палата во Бештепе во Анкара под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа состанок на претседателскиот кабинет.

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин даде изјави во врска со дневниот ред на состанокот и притоа истакна дека со мерките кои што беа преземени два дена како се доживува брзо опоравување во економијата.

Нагласувајќи дека два дена како се доживуваат позитивни случувања на економски план, Калин рече: „Им благодариме на оние кои одговорија позитивно на повикот на претседателот за национална мобилизација против економската војна и на оние кои ги изнесоа потребните изјави од странство.“

Ибрахим Калин напомена дека со Катар е донесена одлука за инвестирање од околу 15 милијарди долари и продолжи со следните зборови: „Ова прашање беше разгледано и на остварените разговори на претседателот со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел. Го споделија со претседателот тоа колку е погрешна тенденцијата на управата на американскиот претседател Доналд Трамп за користење на доларот како оружје.“

Нагласувајќи дека целосно е елиминирана средината на злоупотреба и шпекулирање во однос на турската лира, Калин рече: „На банките им е обезбедена релаксација по прашањето на ликвидноста. Турската економија располага со силна и здрава основа. Турција ја отвори својата врата за сите како земја погодна за инвестирање. Како што вели претседателот Турција кризата ќе ја претвори во прилика.“ 

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин воедно потсети дека во областа Синџар во северниот дел на Ирак е убиен терорист од водечкиот кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кој се наоѓаше во црвениот список на терористи.

„Нашата одлучност за елиминирање на тероризмот на своето место, е целосна. И во иднина интензивно ќе доаѓа до операции слични со онаа во Синџар.“ - рече Калин.



Слични вести