Во операција во Синџар во Ирак е убиен терорист на ПКК по кого се трагаше со црвена потерница

Во реализирана заедничка операција на Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка служба (МИТ) на областа Синџар на северот на Ирак е убиен терорист од водечкиот кадар на терористичката ПКК

1033330
Во операција во Синџар во Ирак е убиен терорист на ПКК по кого се трагаше со црвена потерница

Во реализирана заедничка операција на Турските вооружени сили (ТВС) и Националната разузнавачка служба (МИТ) на областа Синџар во северниот дел на Ирак е убиен терорист од водечкиот кадар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК по кого се трагаше со црвена потерница.

Заедничката операција беше реализирана вчера и беше убиен Исмаил Озден познат под кодното име „Мам Зеки Шенгали“, кој инаку беше еден од водечките личности на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение преку сметката на министерството за национална одбрана на Твитер се вели дека во заеднички изведена операција на Националната разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТВС) е убиен Исмаил Озден, познат под кодното име „Мам Зеки Шенгали“. кој се наоѓаше во „црвената“ категорија на списокот на министерството за внатрешни работи на барани од тероризам, беше член на таканаречениот Извршен совет на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК и одговорен за подрачјето на Синџар во северниот дел на Ирак.“

Со оваа заеднички изведена операција во која беше убиен 66 годишниот Исмаил Озден кој воедно беше и  едниот од најстарите членови на ПКК е додадена уште една нова успешна операција на операциите кои што се реализираат против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК, преку границата.
 



Слични вести