Состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган

На состанокот во претседателската палата (Куллијето) во Бештепе во Анкара под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган главна точка на дневниот ред ќе биде економијата

1033561
Состанок на претседателскиот кабинет под претседателство на претседателот Ердоган

Денеска едната од најзначајните точки на дневниот ред на Анкара ќе биде сиостанокот на претседателскиот кабинет.

На состанокот во претседателската палата (Куллијето) во Бештепе во Анкара под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган главна точка на дневниот ред ќе биде економијата.

Ќе биде направена проценка на резултатите од мерките кои што се преземаат против економската војна што ја започнаа САД против Турција.

Освен тоа ќе бидат разгледани и новите чекори кои што ќе го забрзаат падот на девизниот курс, а ќе бидат преразгледани и прашањата како што се воспоставувањето на буџетската дисциплина,  борбата против инфлацијата и ставањето во примена на неопходните структурални реформи.

Освен тоа ќе се разговара и за дополнителниот данок што се применува за некои производи по потекло од САД и чекорите кои што ќе бидат фрлени потоа.

На состанокот на претседателот кабинет воедно ќе се направи проценка и на борбата против тероризмот.

Ќе се разговара за операциите кои што се водат како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата.



Слични вести