Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со Макрон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган разговараше телефонски со францускиот претседател Емануел Макрон

1033728
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со Макрон

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган водеше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Барањето за телефонскиот разговор пристигна од францускиот претседател,

Во телефонскиот разговор двајцата лидери Ердоган и Макрон разменија мислења во врска со билатерални, актуелни и регионални прашања. 

Двајцата лидери нагласија дека е значајно да бидат уште повеќе ртазвиени економските и трговските односи и обостраните инвестирања помеѓу Франција и Турција.

Во разговорот беше одлучено министерот за трезор и финансии Берат Албајрак и неговиот француски колега да се состанат во најскоро време.

Францускиот претседател Емануаел Макрон привлече внимание дека економската стабилност на Турција е значајна и за неговата земја.

Двајцата лидери Ердоган и Макрон во телефонскиот разговор исто така разменија мислења и во врска со последните случувања во Сирија, на чело со оние во Идлиб.



Слични вести