Министерот Берат Албајрак: Турција ќе излезе посилна од бранувањата на курсот

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека Турција ќе излезе посилна од бранувањата на курсот

1033796
Министерот Берат Албајрак: Турција ќе излезе посилна од бранувањата на курсот

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак оствари средба преку телеконференција со странските инвестирања до кои ја даде пораката дека Турција ќе излезе посилна од бранувањата на курсот.

Албајрак рече: „Турскиот банкарски систем е здрав и силен. Нема да се двоумиме од поддршка на банкарскиот сектор. Фирмите можат да ги исполнат своите краткорочни обврски.“ 

Велејќи дека ќе го обезбедат секој вид финансиски приод од кој што има потреба Централната банка во борбата против инфлацијата, Албајрак напомена дека апсолутно нема да се отстапи од финансиската дисциплина и продолжи со следните зборови: „Добивме поддршка од инвеститорите. Продолжува довербата кон економијата на Турција. Ќе го фрлиме секој вид чекор за зголемување на довербата.“

Министерот Албајрак нагласи дека Турција не е во период на евентуална криза за да го напушти приодот кон слободниот пазар, истакна дека нема да се постигне договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и подвлече: „Ние се фокусиравме на привлекување на директни инвестиции.“ 

Истакнувајќи дека власта ќе оди на мошне сериозно намалување на трошоците, Албајрак рече: „Согледуваме позитивен перформанс и на страната на приходите.“

Берат Албајрак напомена дека за неколку недели ќе ги соопштат и дополнителните извори на финансирање и продолжи со следните зборови: „Со новите макро мерки на претпазливост, строгите макро и финансиски политики ќе доловиме поодржлив разт. Очекуваме поумерен раст.“

Нагласувајќи дека голем број земји се соочуваат со проблеми од санкции на управата на САД, Албајрак рече: „Треба да се координираме.“

Инаку, на средбата преку телеконференција на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак со странските инвеститори беа регистрирани за учество 3.783 странски инвеститори, меѓутоа по започнувањето на средбата оваа бројка се зголеми дури на 6 илјади странски инвеститори од целиот свет.



Слични вести