Катарскиот емир Ал Тани поддршката на Турција ја објави и преку својата сметка на Твитер

Катарскиот емир Ал Тани во својата објава на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ние сме покрај Турција која стои до проблемите на умметот и Катар и покрај нашите тамошни браќа.

1033497
Катарскиот емир Ал Тани поддршката на Турција ја објави и преку својата сметка на Твитер

Катарскиот емир Тамим Бин Хамад Ал Тани во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша дека неговата земја ќе продолжи да е до Турција која стои покрај проблемите на муслиманскиот уммет и Катар и донеговите турски браќа, со што уште еднаш ја нагласи поддршката на Турција.

Ал Тани во својата порака напиша: „Ние сме покрај Турција која стои до проблемите на умметот и Катар и покрај нашите тамошни браќа. Денеска (вчера) во рамките на значајните разговори кои што ги одржав во Анкара со неговата Екселенција претседателот Ердоган го соопштивме инвестицискиот пакет со проекти во вредност од 15 милијарди долари во оваа земја која е продуктивна-произведува и располага со силна и цврста економија.“

Оваа објава на катарскиот емир Ал Тани на неговата сметка на социјалната мрежа Твитер ја споделија повторно на своите сметки и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Претседателот Ердоган и катарскиот емир Ал Тани вчера се состанаа во претседателската палата во Бештепе во Анкара и на средбата Катар најави дека набргу ќе го стават во примена инвестицискиот пакет од 15 милијарди долари за инвестирање во Турција.



Слични вести