Чавушоглу: Турција прави се што е во нејзина можност за решавање на присутната криза со САД

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето обраќање на 10-сетата Амбасадорска конференција истакна дека Турција прави се што е во нејзина можност за решавање на присутната криза со САД, но дека не може да најде свој соговорник пред себе

1033273
Чавушоглу: Турција прави се што е во нејзина можност за решавање на присутната криза со САД

Вчера на третиот ден од 10-тата Амбасадорска конференција присуствуваа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерката за трговија Рухсар Пекџан.

Министерот Чавушоглу во своето обраќање пред амбасадорите се осврна на економската криза што се одживува со САД и притоа истакна дека Турција прави се што е во нејзина можност за решавање на присутната криза со САД, но дека не може да најде свој соговорник пред себе.

Мевлут Чавушоглу рече: „Во овој процес знајте дека ние го направивме она што ни припаѓа нам, бевме конструктивни во секоја сфера, меѓутоа видовме дека нема ниту еден соговорник пред нас од спротивната страна за да го разбере тоа.“

Подвлекувајќи го и тоа дека Турција е подготвена да седне на маса за решавање на кризата, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде следното: „Ние сме подготвени да разговараме за се, меѓутоа под еден услов. Нема да има закана и насилно наметнување и секако нема да се влезе и на погрешни патишта како што се санкциите.“

Министерката за трговија Рухсар Пекџан пак во своето обраќање пред амбасадорите на 10-сетата Амбасадорска конференција истакна дека ги покануваат САД на панел во Светската трговска организација (СТО).

Пекџан рече: „Пристигна нашата покана до САД на панел. На тој начин го започнавме судскиот процес во Светската трговска организација (СТО).



Слични вести