Поддршка од Европскиот парламент на Турција

„Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнител данок за челикот и алуминиумот од Турција е незаконска и спротивна на правилата на Светската трговска организација (СТО“, се вели во соопштението на Форумот за Турција на ЕП

1032290
Поддршка од Европскиот парламент на Турција

Форумот за Турција на Европскиот парламент (ЕП) истакна дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнителен данок за челикот и алуминиумот од Турција е незаконска и спротивна на правилата на Светската трговска организација (СТО).

Во објавеното писмено соопштение од форумот во кој членуваат 60 пратеници на Европскиот парламент (ЕП) се вели следното: „Европската унија (ЕУ) смета дека дополнителното оданочување кое што САД го воведоа кон Турција изнесувајќи ја притоа како причина сопствената национална безбедност е незаконска и спротивна на правилата на Светската трговска организација (СТО).“

Во соопштението воедно се вели следното: „Просперитетна и стабилна демократска Турција од економски аспект, како една од најголемите трговски партнери на Европската унија (ЕУ), е во наш интерес.“

Во соопштението се нагласува и тоа дека двете сојузници во НАТО Турција и САД треба да преземат конструктивни дипломатски иницијативи за решавање на меѓусебните проблеми.



Слични вести