Јилдирим: Бранувањата на девизниот курс не се економски туку политички

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим истакна дека бранувањата на девизниот курс не се економски туку политички

1031883
Јилдирим: Бранувањата на девизниот курс не се економски туку политички

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Бинали Јилдирим во Дворецот на Чанкаја во Анкара се состана со амбасадорите кои допатуваа во Турција по повод 10-тата Амбасадорска конференција.

Во оваа пригода Бинали Јилдирим им се обрати на амбасадорите и се осврна на актуелните економски случувања и истакна дека бранувањата на девизниот курс не се економски туку политички.

Реагирајќи на одлуката на американската управа за санкции кон Турција, Јилдирим рече: „Управата на САД наместо да се обидува да го направи посакуваното со извесни реторики, санкции и со неодговорните објави на претседателот (Доналд Трамп), треба да бара решение во рамките на почитувањето на нашите закони.“  

Осврнувајќи се на присутниот проблем помеѓу двете земји во врска со американскиот свештеник за кого е установено дека е поврзан со Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО која е одговорна за обидот за преврат од 15 јули 2016 година и со сепаратистичко-терористичката организација ПКК и во врска со кого е во тек законски процес, Бинали Јилдирим рече: „Мислиме дека сеуште постои можност за решение и дека за решение кон прашањето треба да се приоѓа со смиреност. Страната која што треба да фрли чекор и да дојде на доследна точка е управата на САД.“

Претседателот на Собранието Бинали Јилдирим продолжи со следните зборови: „Најзначајна задача  на нашите ценети амбасадори е да поттикнат меѓународната јавност да премине во акција и подобро да ја информираат меѓународната јавност. Турција ќе излезе успешно од оваа криза. Бранувањата на девизниот курс не можат да се објаснат со економските показатели на Турција. Основата на овие случувања не е економска, туку политичка.“

Велејќи дека како Собрание се спремни да ги направат сите видови законски измени од кои што има потреба власта и тоа со национална волја и без да се прави никаква разлика помеѓу различните политички партии, Јилдирим го додаде следното: „Турција е затворена за економски наметнувања кои што се прават со политички пресметки. Пријателите и непријателите, секој треба да го знае тоа.“



Слични вести