Ирачкиот премиер Ибади допатува во официјална посета на Турција

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади на аеродромот Есенбога во Анкара беше пречекан од страна на заменик валијата на Анкара Билал Боздемир и амбасадорот на Турција во Багдад Фатих Јилдиз

1032128
Ирачкиот премиер Ибади допатува во официјална посета на Турција

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади допатува во официјална посета на Турција каде што на аеродромот Есенбога во Анкара беше пречекан од страна на заменик валијата на Анкара Билал Боздемир и амбасадорот на Турција во Багдад Фатих Јилдиз.

Ибади кој допатува во Турција на разговори во врска со односите пшомеѓу двете земји во претседателската палата (Куллијето) во Бештепе во Анкара ќе биде примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

На разговорите за кои што се предвидува да се одржат лице в лице помеѓу претседателот Ердоган и ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади и на меѓуделегациските разговори освен за унапредувањето на соработката помеѓу двете земји во секоја сфера ќе биде направена проценка и на регионални прашања.

Ердоган и Ибади по средбата лице в лице ќе одржат заедничка конференција за претставниците на печатот.



Слични вести