Турските безбедносни сили продолжуваат да им нанесуваат тешки удари на терористите

Во реализираните операции во југоисточниот дел на земјата кај градот Тунџели се неутрализирани 10 и кај Хаќќари четворица терористи, а еден терорист им се предаде на безбедносните сили во Ван

1031228
Турските безбедносни сили продолжуваат да им нанесуваат тешки удари на терористите

Турските безбедносни сили продолжуваат да и нанесуваат едно по друго удари на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во реализираните операции кај градот Тунџели во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани 10 терористи.

Меѓу неутрализираните терористи се наоѓа и еден терорист за кого е распишана награда од 4 милиони турски лири и по кого се трага во црвениот список на терористи.

Установено е дека, терористиот кој прикажува како таканаречено одговорно лице за областа на градот Тунџели бил замешан во убиството на 6 мина учители и двајца безбедносни чувари во Тунџели и во убиството на 7 припадници на безбедносните сили во градот Токат. 

Освен тоа се наведува дека испланирал и ја издал директивата за голем број терористички настани.

Воедно е установено дека во истата операција едниот од неутралиизраните терористи во истата операција било таканаречено одговорно лице на организацијата за областа на градот Ерзурум.

Во реализираните операции беа запелени и големи количини на оружје и муниција.

Од друга страна во реализирана операција во населеното место Чукурџа кај градот Хаќќари се неутрализирани четворица терористи.

Во градот Ван пак еден терорист им се предаде на безбедносните сили.

Терористот кој избегал од ПКК во дадената изјава за безбедносните сили истакна дека голем број негови другари исчекуваат можност за да избегаат од оваа терористичка организација.



Слични вести