Ердоган: Економските динамики на Турција се цврсти, силни и ќе продолжат да останат како такви

Претседателот Ердоган истакна дека ќе продолжат да се фрлаат неопходните чекори против овие севкупни напади и рече: „Економските динамики на Турција се цврсти, силни, на свое место и ќе продолжат да останат како такви“

1031499
Ердоган: Економските динамики на Турција се цврсти, силни и ќе продолжат да останат како такви

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на ручекот што го приреди во чест на учесниците на 10-ата Амбасадорска конференција во претсеадтелската палата (Куллијето) во Бешетепе во Анкара.

Ердоган нагласи дека американскиот претседател со донесените одлуки за санкција се однесува самоволно.

Велејќи дека Турција се поставува на мета поради меѓународните победи кои што ги постигна во последните години, претседателот Ердоган истакна дека во последно време исто како и во другите сфери Турција се соочува со опсада и во економијата.

Тој рече: „Отворено стои дека уште извесно време ќе продолжат нападите кои што започнаа во 2013 година со настаните од Гези, продолжија со обидот за преврат врз судството од 17/25 декември и беа пренесени на повисока фаза со предавничкиот обид за преврат на 15 јули 2016 година.“ 

„Треба да бидеме спремни и пред различните видови од овие напади кои целат кон независноста на Турција, нејзините економски интереси, националното достоинство, угледот и нејзината личност. Вистинската причина поради која во последните години сме подложени на низа операции од тероризмот до економските манипулации е поради тоа што презентираме став без отстапки на точката на нашите национални интереси.“ - подвлече Ердоган.

Нагласувајќи го и тоа дека за кусо време се дешифрирани игрите кои што се поставуваат преку терористичките организации и дека истите се и спречени, претседателот Ердоган рече: „Не го прифативме терористичкиот коридор кој што се сакаше да се формира околу нас изнесувајќи ја како причина борбата против ДЕАШ во Сирија.“ 

Потсетувајќи дека ќе продолжат да се фрлаат неопходните чекори против овие севкупни напади, Ердоган рече: „Економските динамики на Турција се цврсти, силни, на свое место и ќе продолжат да останат како такви.“

Ердоган напомена дека од страна на секото се признава оти случувањтаа во девизниот курс немаат никаква економска основа и целосно се во својство на напад против Турција, по што својот говор го продолжи со следните зборови: „(Трамп) не можеш да кажеш ’Јас го направив тоа’. Биди претседател или било што колку што сакаш. Не можеш ноќе да легнуваш а наутро да се арзбудиш и да речеш ете толку воведов данок за железото, челикот. Земјите сите свои пресметки ги прават над еден континуитет. Зарем птооа би останало нешто како што е меѓународната доверба? Од една страна ќе бидеш стратешки партнер, а од друга ќе му пукаш во ногата на својот стратешки партнер. Од една страна во Авганистан кога сите те непуштаат ќе бидеш заедно, во Сомалија и во НАТО. Потоа ќе се обидеш да го погодиш од грб својот стратешки партнер. Зарем би можело да се прифати такво нешто? Ние не можеме да го прифатиме сето тоа.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека во овој процес апсолутно нема да се направи отстапка како земја од правилата на слободната пазарна економија.



Слични вести