МНР на Турција: Ќе се одговори на санкциите на САД

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој истакна дека ќе се одговори на санкциите на САД за воведување на дополнителен данок за извозот на челик и алуминиум на оваа земја

1030223
МНР на Турција: Ќе се одговори на санкциите на САД

Турција соопшти дека ќе се одговори на санкциите на САД.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој одговараше писмено на прашањето во врска со примената на дополнителен данок за извозот на челик и алуминиум од Турција во САД. 

Велејќи дека тоа што американскиот претседател Доналд Трамп не земајќи ги во предвид правилата на Светската трговска организација (СТО) донесе еодлука за применување на дополнителен данок за извозот на челик и алуминиум од Турција не се истоветува со сериозноста на една држава, Аксој рече: „САД треба  да разберат дека со овие видови санкции и притисоци не можат да обезбедат ниту еден резултат за соработка и само ќе поминат низ тешки предизвици и ќе им наштетат на нашите сојузнички односи.“

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хами Аксој нагласи дека како досега така и отсега ќе се даде потребниот одговор на сите чекори кои што се фрлаат против Турција и додаде дека Турција секогаш е на страната на решавање на проблемите по пат на дипломатија, дијалог, добра волја и обострано разбирање. 



Слични вести