„Дополнителното американско оданочување на челикот и алуминиумот е спротивно на правилата на СТО“

Во објавеното соопштение од турското министерство за трговија се вели дека дополнителното американско оданочување на челикот и алуминиумот е спротивно на правилата на Светската трговска организација

1030212
„Дополнителното американско оданочување на челикот и алуминиумот е спротивно на правилата на СТО“

Министерството за трговија на Турција истакна дека дополнителното оданочување кое што американската управа го соопшти кон Турција е во спротивност со правилата на Светската трговска организација (СТО).

Министерството потсети дека американската управа која соошти дека царинските даноци за извозот на челик и алуминиум од Турција ќе бидат зголемени на 20 насто и на 50 насто оваа примена на 23 март 2018 година ја стави во примена кон сите земји од 10 насто и 25 насто.

Во сооштението се вели следното: „Во одлуките донесени од страна на управата на САД вистинскиот губитник се производителите, приватниот сектор и извозниците на двете земји.“

Освен тоа во соопштението се вели следното: „ Дополнителните оданочувања кои што денеска беа соопштени заедно со царинските даноци за челикот и алуминумот кои што претходно беа соопштени од страна на управата на САД се во спротивност со правилата на Светската трговска организација.“

„Турција онака како што ги утврдува и применува својата трговска политика во усогласеност со правилата на Светската трговска организација, очекува и од останатите земји членки на организацијата да се придржуваат со истa внимателност кон меѓународните правила.“  - се вели во соопштението на министерството за трговија на Турција.

 



Слични вести