Науерт: Со турските функционери одржавме дополнителни разговори кои што продолжуваат

Хедер Науерт, портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт објави писмено соопштение во кое се истакнува дека разговорите за изнаоѓање решение за постоечките проблеми со Турција продолжуваат

1028634
Науерт: Со турските функционери одржавме дополнителни разговори кои што продолжуваат

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт објави писмено соопштение во врска со одржаната средба во Вашингтон помеѓу 9 члената турска делегација предводена од заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал и американската делегација на чело со заменик-државниот секретар Џон Суливан.

Науерт истакна дека разговорите за изнаоѓање решение за постоечките проблеми со Турција продолжуваат.

Во соопштението се вели следното: „Со турските фунцкионери одржавме дополнителни разговори. Разговорите продолжуваат.“

„Заменик-државниот секретар Џон Суливан се состана со турскиот заменик-министер за надворешни работи Седат Онал. Тие разгледаа голем број прашања кои што ги засегаат билатералните односи, вклучувајќи го и свештеникот Брансон (кој се наоѓа во домашен затвор во Турција).“ - се наведува во објавеното кусо писмено соопштение на Хедер Науерт, портпаролката на американскиот државен секретаријат.

Инаку, 9 члената турска делегација која ги продолжува своите разговори во Вашингтон е предводена од заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал.

Првата средба што ја оствари турската делегација во утринските часови во Стејт департментот траеше приближно 50 минути.

Како што се наведува во турската делегација се наоѓаат по тројца функционери од министерствата за надворешни работи, правда и финансии.

Освен тоа на првата остварена средба на турската делегација присуствуваше и амбасадорот на Турција во Вашингтон Сердар Килич.



Слични вести