Разгледани проекти вредни 13,5 милијарди турски лири во турската одбранбена индустрија

Вчера во претседателската палата во Бештепе во Акара под претседателство на претседатеклот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија на кој беа разгледани проекти вредни вкупно 13, 5 милијарди турски лири

1027894
Разгледани проекти вредни 13,5 милијарди турски лири во турската одбранбена индустрија

На состанокот на Извршниот комитет за одбранбена индустрија беа разгледани проекти вредни вкупно 13, 5 милијарди турски лири. 

Вчера во претседателската палата во Бештепе во Акара под претседателство на претседатеклот Реџеп Тајјип Ердоган се одржа состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија на кој беше разговарано за додавање на нови способности на турскиот хеликоптер АТАК и за проекти во врска со системите на беспилотните летала ИХА.

Во објавеното соопштение во врска со содржината на состанокот се вели следното: „Беа разгледани новите проекти за развој на нови домашни и национални системи кои што им придаваат уште поголема сила на нашите безбендосни единици кои водат успешни опеарции внатре во границите на нашата земја и преку границата за воспосатвување на безбедноста на границите на нашата земја. Согласно тоа беа донесени и нови одлуки.“

Во соопштението се напоменува дека на состанокот беа разгледани проекти вредни вкупно 13, 5 милијарди турски лири и дека исто така беа преземени мерки во врска со различните активности за инвестирање и подобрување, а со цел развој, зајакнување, поддршка и извоз на одбранбената индустрија и одрбанбените техонолии.

Во истото соопштение се додава и следното: „На состанокот беа разгледани проекти за додавање на нови способности на хеликоптерите АТАК, новите системи на беспилотните летала ИХА, копнените, воздушните и поморските возила,   модернизацијата на радарските и командно-контроните системи и за проекти за обезбедување на различните потреби на нашите безбендосни сили.“



Слични вести