Претседателот Ердоган на 28 и 29 септември ќе престојува во посета на Германија
Од кабинетот на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер беше соопштено дека претседателот Ердоган на 28 и 29 септември ќе престојува во официјална посета на Германија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 28 и 29 септември ќе престојува во официјална посета на Германија.
Од кабинетот на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер беше соопштено дека претседателот Ердоган на 28 и 29 септември ќе престојува во официјална посета на Германија.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе биде пречекан со воена церемонија од страна на германскиот претседател, а во рамките на оваа негова посета ќе се состане и со германската канцеларка Ангела Меркел.
Во врска со деталите на програмата од посетата на претседателот Ердоган во Германија пак, се истакнува дека се уште се одржуваат и разговори помеѓу двете земји и тоа како што се вели „во блиска координација“.
Инаку, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер претходно го покани претседателот Реџеп Тајјип Ердоган да ја посети Германија, меѓутоа точниот датум на оваа посета не беше познат.
Слични вести
