Науерт: Телефонскиот разговор помеѓу Чавушоглу и Помпео е значаен предзнак

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт во врска со остварениот телефонски разговор меѓу Чавушоглу и Помпео рече: „Тоа што е остварен телефонски разговор претставува значаен предзнак“

1028075
Науерт: Телефонскиот разговор помеѓу Чавушоглу и Помпео е значаен предзнак

Портпаролката на американскиот државен секретаријат Хедер Науерт истакна дека вчерашниот остварен телефонски разговор помеѓу министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео претставува значаен предзнак за односите помеѓу двете земји.

Науерт даде изјави во врска со американскиот свепштеник Ендрју Крег Брансон кој се наоѓа во домашен притвор во Измир во Турција и се обвинува за извршени кривични дела и вршење шпиунажа во име на Фетулахистичката терористичката организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ и сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Алудирајќи на вчерашниот остварен ртелефонски разговор помеѓу министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео, Науерт рече: „Тоа што е остварен телефонски разговор претставува значаен предзнак. Нивниот разговор апсултно не е на штета и ние затоа веруваме дека дијалогот е значаен.“

Науерт избегна да даде детални информации во врска со средбата за која што се очекува да се одржи во наредните денови во Вашингтон помеѓу турските и американските делегации.

Во обвинението против американскиот свештеник Ендрју Крег Брансон кој на 9 декември 2019 година беше уапсен поради вршење кривични дела во име на терористичките организации ФЕТО и ПКК се истакнува дека под неговиот изглед како верска личност вршел кривични дела во име на наведените терористички органзиации и делувал заедно со нив во склопот на нивните општи стратегии и дека знаејќи за целите на овие терористички организации совесно по своја желба соработувал со нив.

Во обвинението се одделува место на содржината на пораките кои што американскиот свештеник Брансон ги испратил до еден американски војник, а во врска со тоа дека чувствува жалење од тоа што обидот за преврат на ФЕТО на 15 јули 2016 година беше несупешен. Така во неговото досие е внесен и следната порака која што била пронајдена во неговиот мобилен телефон: „Очекувавме некои настани кои што ќе ги потресеа Турците. Формирани се потребните услови за враќање на Исус. Обидот за преврат беше шок. Голем број Турци исто како и во минатото веруваа во војската, меѓутоа денеска помина доста. И ова е еден друг потрес по обидот за преврат. Мислам дека настаните ќе одат кон уште полошо. на крајот ќе победиме ние.“  

Американскиот светштеник Брансон на 9 декември 2016 година беше уапсен и се терети за вршење кривични дела во име на фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Потоа поради здравствени проблеми тој минатиот месец беше ставен во домашен притвор, што пак привлече реакција кај САД. 

САД кои долги години како му овозможуваат да живее на нивна територија терористичкиот водач на ФЕТО од чија страна беше извршен обидот за преврат на 15 јули 2016 година извесно време како бараат да биде ослободен свештеникот Брансон, меѓутоа ова нивно барање не се прифаќа од страна на Турција.

Да потсетиме дека американскиот свештеник Ендрју Крег Брансон во обвинението подготвено против него со обвинува дека под неговиот изглед како верска личност вршел кривични дела во име на терористичките организации ФЕТО и ПКК, делувал заедно со нив во склопот на нивните општи стратегии и знаејќи за целите на овие терористички организации совесно по своја желба соработувал со нив.



Слични вести