Кај Јајладаги-Хатај на сириско-турската граница фатени 97 бегалци

Турските погранични единици во населеното место Јајладаги кај градот Хатај на сириско-турската граница фатија 97 бегалци кои по незаконски патишта се обидувале од Сирија да преминат во Турција

1028292
Кај Јајладаги-Хатај на сириско-турската граница фатени 97 бегалци

Во населеното место Јајладаги кај градот Хатај на сириско-турската граница се фатени 97 илегални имигранти кои по незаконски патишта се обидувале од Сирија да преминат во Турција.

Турските погранични единици кои патролираа на границата со Сирија во пограничната област на Кизилчат, Топрактутан, Чалибогази и Пуллујази утврдија лица кои по незаконски патишта се обидувале да преминат во Турција. 

77 лица кои беа фатени од страна на пограничните единици и за кои е установено дека се Сиријци им беа предадени на жандармеријата за безбедносна истрага.

Воедно и екипите на Командата на жандармеријата во населеното место Јајладаги во руралното подрачје на маалото Шенќој фатија 20 лица за кои беше установено дека по незаконски патишта од Сирија влегле во Турција.

Фатените 97 бегалци по законските постапки беа депортирани.



Слични вести