Состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија под претседателство на Ердоган

Состанокот во претседателската палата во Бештепе во Анкара под претседателство на претседателот Р. Т. Ердоган кој се одржува зад затворени врати започна во 14:50 часот според турско време

1027728
Состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија под претседателство на Ердоган

По преминот кон претседателски систем на власта во Турција Извршниот комитет за одбранбена индустрија својот прв состанок го одржува под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Состанокот во претседателската палата (Куллијето) во Бештепе во Анкара кој се одржува зад затворени врати започна во 14:50 часот според турско време.

На состанокот се очекува да се разговара за 45 проекти посветени на одбранбената индустрија кои се внесени во „100 дневната програма“ на претседателскиот кабинет.

На денешниот состанок на Извршниот комитет за одбранбена индустрија освен претседателот Реџеп Тајјип Ердоган присуствуваат потпретседателот Фуат Октај кој на последниот одржан состанок учествуваше во својство на потсекретар на Владата, потоа министерот за одбрана Хулуси Акар кој на последниот состанок учествуваше како началник на Генералштабот и претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир кој на последниот состанок учествуваше како потсекретар за одбранбена индустрија.

На состанокот на Извршниот комитет за одбранбена индустрија за прв пат учествува и началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер.

 



Слични вести