Амбасадата на САД во Анкара: САД продолжува да е цврст пријател и сојузник на Турција

Амбасадата на САД во Анкара на својата сметка на Твитер сподели објава во која се вели дека и покрај постоечките тензии САД останува цврт пријател и сојузник на Турција

1027608
Амбасадата на САД во Анкара: САД продолжува да е цврст пријател и сојузник на Турција

Амбасадата на САД во Анкара по последните случувања на релација Анкара-Вашингтон на својата сметка на социјалната мрежа Твитер сподели објава во која ја изнесе проценката дека и покрај постоечките тензии САД продолжува да е цврт пријател и сојузник на Турција.

Во објавата се вели следното: „И покрај постоечките тензии САД продолжува да е цврт пријател и сојузник на Турција. Нашите земји располагаат со динамични економски односи.“

Од друга страна во перод на сиве овие случувања делегација од Анкара се очекува во рок од два дена да замине за САД каде што ќе се разговара за постоечките проблеми помеѓу двете земји.

Турската делегација ќе ја предводи заменик министерот за надворешни работи Седат Онал.



Слични вести