Заедничка реакција на четирите турски партии против американските санкции

Со заедничката солидарност и одлучност на народот изразуваме „не“ на заканите на САД

1024351
Заедничка реакција на четирите турски партии против американските санкции

4-те политички партии во Големото национално собрание на Турција скандалозната одлука на Американската администрација ја осудија со заедничко соопштение.

Во заедничкото соопштение кое беше објавено на предлог на координаторот на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АКП) Мехмет Муш, координаторот на пратеничката група на Републиканската народна партија (ЏХП) Енгин Алтај, координаторот на пратеничката група на Партијата за национално движење (МХП) Еркан Акчај и координаторот на пратеничката група на партијата ИЈИ Јавуз Агиралиоглу беше истакнато:

„Со заедничката солидарност и одлучност на народот изразуваме „не“ на заканите на САД.

Во соопштението се истакнува дека е неприфатлив ставот на американската администрација против Турција а кој трае одреден период и е насочен против пријателството, сојузништвото и заедничко членство во НАТО, како и во однос на заедничките вредности стекнати во текот на многу години и дека одлуката е последната алка на неразумната политика предводена од САД. Особено ја осудуваме последната одлука на американското Министерство за финансии која се однесува на санкциите за двајцата турски министри.

Кога сите случувања се очигледни, осудувањето на Турција под изговор дека се однесува на судска постапка во врска со шпионажа која се води во Турција, нема да биде од никаква коприст на САД. Истата претставува само присилување на Турција за усвојување одлуки во кроист ан САД.

„... Турскиот народ со сето свое големо достоинство ги отфрла сите досегашни чекори и напори на тоа поле, а исто така со голема одлучност и солидарност на јавноста и објавуваме дека согласно меѓународното право за реципроцитет, давање соодветен одговор е наше право“.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс под изговор дека треба да се пушти на слобода свештеникот Ендрју Брансон чие сдуење продолжува во Турција изјави дека САД ќе презеде санкции над министерот за правда Абдулхамит Ѓул и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

По наредба на претседателот Трамп, Министерството за финансии ќе воведе санкции против турскиот министер за правда и министерот за внатрешни работи кои одиграа значајна улога во приведувањето и апсењето на свештеникот Брансон.

Во писменото соопштение кое беше обајвено од страна на aмериканското Mинистерство за финансии беше истакнато дека Ѓул и Сојлу, поради раководење со институциите кои одиграа значајна улога во апсењето на Брансон, се врбноени на списокот на санкционирани лица.

Во обвинителниот акт против свештеникот Брансон се изнесува обвинението дека Брансон кој на 9 декември 2016 година беше приведен и испратен во затвор, под плаштот на верски човек извршил кривични дела во името на фетулахистичката терористичка организцаија ФЕТИ и сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК, соработувал со претставниците и членовите на терористичките организации од аспект на општата стратегија и вооружените акции.

Од писмото на Брансон што го испратил на еден американски војник се дознава дека чувствувал големо жалење поради несупешниот обид за воен удар во Турција, додека од пораките во мобилниот телефон „очекувавме одреденислучувања кои ќе ги потресат Турците. Формирани се потребните услови за враќае кон Исус. Обидот за воен удар беше еден шок. Како и во минатото голем број Турци повторно поверуваа во својата војска, но овојпат беше премногу доцна. Веднаш по обидот за воен удар уште еднаш се потресо.а Мислам дека случувањата ќе се развиваат уште полошо. На крајот ние ќе победиме“. Оваа порака на Брансон беше додадена во неговопто досие.



Слични вести