Чавушоглу во Сингапур оствари билатерални средби со јапонскиот и иранскиот колега

Соработката помеѓу Турција и Јапонија станува посилна во многу полиња

1024600
Чавушоглу во Сингапур оствари билатерални средби со јапонскиот и иранскиот колега
cavusoglu-zarif.jpg

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во Сингапур оствари билатерални средби со јапонскиот и иранскиот колега. Главна тема на разговорите беа билатералните односи меѓу земјите.

„Соработката помеѓу Турција и Јапонија станува посилна во многу полиња. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи со посетите на високо ниво“, напиша Чавушоглу на својот официјален твитер-профил по билатералните средби со јапонскиот министер за надворешни работи, Таро Коно.

Дипломатите се состанаа на 51. Состанок на министрите за надворешни работи на членките на Сојузот на држави на југоисточна Азија (АСЕАН). Чавушоглу рече дека разговарале за билатерални прашања и развојот во регионот.

Чавушоглу, исто така, се состана со иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф.

„На состанокот во Сингапур со министерот за надворешни работи на Иран, Џевад Зариф, разговаравме за билатерални и регионални прашања“, рече Чавушоглу.

Во среда е одржан трилатералниот министерски состанок на АСЕАН во Сингапур.

Трилатералниот состанок следуваше по воспоставување на партнерскиот дијалог помеѓу Анкара и земјите на АСЕАН минатата година.

Чавушоглу во четврток рече дека Турција го смета АСЕАН за „една од најуспешните“ шеми на регионалната интеграција во светот.

„Задоволни сме со нашите брзорастечки интернационални односи со АСЕАН и неговите членови“, додаде Чавушоглу.

Турција доби статус на набљудувач во мултинационалните полициски сили на АСЕАН во 2014 година и стана партнер на секторот за дијалог на состанокот на министрите за надворешни работи на АСЕАН на Филипините, минатата година.

Според турското Министерство за надворешни работи, крајна цел на Анкара, во однос на развојот на односите со АСЕАН, е постигнување дијалог.

Откако минатата година отвори Амбасада во Лаос, Турција има дипломатско претставништво во сите 10 земји членки на АСЕАН.



Слични вести