Ердоган: Турција нема проблем со малцинските верски заедници

Што може да биде полошо од убиството на 26-годишна мајка и нејзиното 11-месечно бебе?

1023867
Ердоган: Турција нема проблем со малцинските верски заедници

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган денес во Анкара изјави дека нема поголемо злосторство од убиството на 26-годишната мајка и нејзиното 11-месечно бебе, кое вчера беше извршено од страна на терористите на ПКК.

„Што може да биде полошо од убиството на 26-годишна мајка и нејзиното 11-месечно бебе? Како и да е дефинирано, без оглед на терминот што ќе се употреби за ова злосторство, истото и кривичното дело треба да биде одговор на сите оние кои што ги поддржуваат терористите“, рече Ердоган.

Ердоган ја отфрли заканувачката американска реторика за гонењето на еден американски свештеник кој се товари за поддршка на терористичките организации и рече дека тоа е неприфатливо.

"Турција нема проблем со малцинските верски заедници, а заканувачката американска реторика е неприфатлива", рече Ердоган.



Слични вести