Постоечкиот глобален систем во економијата не ги задоволува другите земји

Постои можност да се формира поправедна понеутрална меѓународна агенција за кредитен рејтинг

1020860
Постоечкиот глобален систем во економијата не ги задоволува другите земји

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган продолжува со средбите во рамките на 10-от Самит на БРИКС во Јоханесбург.

Последниот ден на самитот, лидерите на земјите учеснички на организацијата БРИКС и земјите гости се фотографираа за семејна фотографија во Sandton Convention Centre.

Претседателот Ердоган на Самитот беше поканет во својство на привремен претседавач со Организацијата за исламска соработка.

Ердоган учествуваше на работниот состанок на групата BRICS Outreach и ручекот.

Во говорот во оваа прилика Ердоган рече дека постоечкиот глобален систем во економијата, освен интересите на една мала група, не ги задоволува другите земји, поради што оваа состојба треба да се промени.

За формирање нова поправедна понеутрална меѓународна агенција за кредитен рејтинг можеме да преземеме посебни активности како под покровителство на БРИКС така и во соработка со Турција и другите земји, рече претседателот Ердоган.



Слични вести