Остра реакција од Турција на усвоениот контроверзен закон во израелскиот Парламент

Турција остро реагираше на усвоениот контроверзен закон во израелскиот Парламент, Кнесето, со кој Израел се дефинира како национална држава на еврејскиот народ

1015625
Остра реакција од Турција на усвоениот контроверзен закон во израелскиот Парламент

Турција остро реагираше на контроверзниот закон кој што беше изгласан денеска во израелскиот Парламент,Кнесетот, со кој Израел се дефинира како „Еврејска национална држава“. 

Министерството за надворешни работи на Турција се огласи со соопштение во врска со усвојувањето на овој контроверзен закон во израелскиот Кнесет во кое се вели следното: „Законот за Еверјска национална држава ги прегазува универзалните правни принципи и не ги признава правата на Палестинците.“

Во соопштението се укажува на тоа дека тоа што во овој закон Ерусалим кој се наоѓа под окупација на Израел се прогласува за главен град на државата е „неважачки“ од аспект на меѓународната заедница. 

„Во истиот закон никако не може да се прифати и тоа што се поттикнуваат доселеничките населби чија нелегитимност безбор пати е потврдено со резолуциите на Обединетите нации (ОН). Тоа што пак во законот правото на определување на сопствената судбина се дефинира како да е право само на Евреите претставува производ на застарен и дискриминирачки менталитет. “ - се вели во соопштението на турското министерство за надворешни работи. 

 



Слични вести