Во воздушна операција на северот на Ирак неутрализирани 6 терористи на ПКК

Турски воени авиони извршија воздушна операција во областа Хакурк преку границата на северот на Ирак во која беа неутрализирани 6 терористи на ПКК

1014289
Во воздушна операција на северот на Ирак неутрализирани 6 терористи на ПКК

Во реализирана воздушна операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак се неутрализирани 6 терористи припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение на официјалната сметка на Генералштабот на социјалната мрежа Твитер, вчера беше реализирана воздушна операција врз утврдени членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК преку границата во областа Хакурк во северниот дел на Ирак и внатре во границите на земјата во руралните подрачја на населеното место Ерух кај градот Сиирт.  

Во воздушната операција беа неутрализирани 6 вооружени терористи припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.



Слични вести