Кај Турската Република Северен Кипар извлечени од морето мртвите тела на 16 илегални имигранти

Од морето во близина на брегот на Турската Реопублика Северен Кипар (ТРСК) се извлечени мртвите тела на 19 илегални имигранти, спасени се 106 илегални имигранти од кои еден тешко повреден, а 25 илегални имигранти сеуште се водат како исчезнати

1014912
Кај Турската Република Северен Кипар извлечени од морето мртвите тела на 16 илегални имигранти
kktc tekne.jpg

При потонување на мигрантски брод во водите на Средоземното Море во близина на брегот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) животот го загубија 19 лица.

Бродот на кој се наоѓале илегални имигранти потонал на 16 милји од брегот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), веднаш наспроти ’Ртот Карпаз.

Чамци на командата на крајбрежната стража на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во пладневните часови ги пронашле мртвите тела на тројца илегални имигранти.

Веднаш потоа било стапено во контакт со командата на крајбрежната стража на Турција и бил проширен просторот на водење на активностите за пребарување. 

На крајот од активностите за пребарување кои што беа реализирани и во областа наспроти заливот на Мерсин на Турција беа пронајдени мртвите тела на уште 16 удавени илегални имигранти.

За време на активностите за пребарување од морето беа спасени и 106 илегални имигранти од кои еден тешко повреден, а 25 илегални имигранти сеуште се водат како исчезнати.

Поради тоа што бродот потонал во меѓународни води илегалните имигранти се носат во Мерсин во Турција.



Слични вести