Во воздушна операција на северот на Ирак се уништени неколку терористички цели

Турски воени авиони погодија со сто процентна прецизност неколку терористички цели во областа Метина на северот на Ирак кои биле употребувани како наоружена позиција, скривница, засолниште и магацин за муниција

1013920
Во воздушна операција на северот на Ирак се уништени неколку терористички цели

Во реализирана воздушна операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) на областа Метина преку границата во северниот дел на Ирак се неутрализирани 8 терористи и се уништени цели кои што биле употребувани од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а меѓу кои се наоѓаат и наоружена позиција и магацин за муниција. 

Според објавеното соопштение од Генералштабот, вчера беше реализиран воздушна операција на областа Метина во северот на Ирак.

Турски воени авиони ги погодија со сто процентна прецизност целите кои што од страна на терористите во подрачјето биле употребувани како наоружена позиција, скривница, засолниште и магацин за муниција.

Од друга страна, Турските вооружени сили и единиците на вооружените сили на САД го реализираа и 15-тото координирано/независно патролирање помеѓу просторот на операцијата Еуфратски штит и подрачјето на Менбич во северниот дел на Сирија.



Слични вести