15 јули ја спаси честа и достоинството на демократијата

Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО./ПДЈ во голема мера е ликвидирана и во 16 земји се затворени установите на оваа организација

1012595
15 јули ја спаси честа и достоинството на демократијата

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека народот ноќта на 15 јули не само што го потисна државниот удар, туку истовремено ги спаси честа и достоинството на демократијата во целиот свет.

По повод втората годишнина од обидот за воен удар на 15 јули, претседателот Реџеп Тајип Ердоган за весниците „Хуријет“ и „Сабах“ објави напис.

Ердоган во написот подвлече дека најголемото предавство во политичката историја, со храброста на народот се претвори во победа.

Претседателот Ердоган во написот истакна:

„Турција со отпорот што го покажа на 15 јули не само што го потисна обидот за воен удар туку истовремено го спаси и достоинството на демократијата во целиот свет.

Отпорот кој беше пружен на 15 јули претставува јасен одговор не само на приврзаниците на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) туку и на сите оние кои што имаат намера да извршат воен удар и како и другите терористичките организации.“

Претседателот Ердоган подвлече дека Турција во споредба со периодот пред 15 јули е многу посилна и подемократска земја.

Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО./ПДЈ во голема мера е ликвидирана и во 16 земји се затворени установите на оваа организација.

Покажавме дека ниту една земја во светот не е безбедна за терористите на ФЕТО/ПДЈ. Правниот процес кој што го започнавме против челникот на ФЕТО/ПДЈ ќе го продолжиме со голема одлучност и без отстапки“ напиша претседателот Ердоган.



Слични вести