Во Брисел разменивме мислења во врска со билатералните односи и регионалните прашања

НАТО во Ирак ќе пружи воена обука додека Турција ќе ја преземе улогата на заменик командант

1012268
Во Брисел разменивме мислења во врска со билатералните односи и регионалните прашања

На враќање од Брисел претседателот Реџеп Тајип Ердоган во авионот одговараше на прашањата на новинарите.

Средбата со американскиот претседател Доналд Трамп помина доста конструктивно рече претседателот Ердоган потенцирајќи дека Трамп даде гаранција дека нема да има никакви проблеми со испораката на авионите од типот Ф-35.

На Самитот на НАТО во Брисел беше постигната согласност за зголемување на военото присуство на Турција во Авганистан.

На самитот беше усвоена одлука за поддршка на борбата против тероризмот на Турција.

НАТО во Ирак ќе пружи воена обука додека Турција ќе ја преземе улогата на заменик командант.

Во освртот на средбата со италијанскиот премиер Џузепе Конте претседателот Ердоган рече дека одржале сеопфатна средба и размениле мислења во врска со билатералните и регионалните прашања. Мислам дека во претстојниот период со Италија ќе имаме многу пораздвижена и попродуктивна соработка, рече Ердоган.

Во врска со средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, Ердоган рече дека размениле мислења во врска со Договорот за бегалците и судската постапка што се води против подземната Национал-социјалистичка организација НСУ.

Во врска со окончувањето на судската постапка против НСУ на 11 јули, Ердоган рече дека одлуката која што беше усвоена не е задоволителна, поради што им посочивме дека треба многу подлабоко да ја анализираат. Тоа може да биде еден вид Гладио поради што треба да се влезе во длабочината на прашањето. Само казнувањето на жената нема да ги задоволи оштетените семејства. Мислиме дека тоа не е обичен настан. Им посочивме дека прашањето треба да се испита од сите аспекти. И самите не размислуваат поинаку, Очигледен е бројот на лицата кои беа убиени од страна на организацијата.



Слични вести