Турските војници го реализираа тринаесетото патролирање во Менбич во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС) и единиците на вооружените сили на САД го реализираа тринаесетото координирано/независно патролирање во подрачјето на Менбич во сееврниот дел на Сирија

1011538
Турските војници го реализираа тринаесетото патролирање во Менбич во Сирија

Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на активностите за исчистување на подрачјето на Менбич во Сирија од терористичката организација ЈПГ/ПКК го реализираа тринаесетото патролирање.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека од страна на Турските вооружени сили (ТВС) и единиците на вооружените сили на САД на линијата помеѓу просторот на операцијата Еуфратски штит и подрачјето на Менбич во Сирија е реализирано тринаесетото координирано/независно патролирање. 

Првото патролирање беше реализирано на 18 јуни.

Турција и САД пред извесно време постигнаа согласност за повлекување на ЈПГ/ПКК од окупираното  подрачје на Менбич, западно од реката Еуфрат во северниот дел на Сирија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Мајк Помпео на остварената средба на 4 јуни ја одобрија патната карта која што го содржи и воспоставувањето на безбедноста и стабилноста во подрачјето на Менбич.

Планот воедно предвидува и започнување на заеднички контроли од страна на Турција и САД со свои воени и разузнавачки единици во подрачјето.

Освен тоа се предвидува по излегувањето на терористите од Менбич во подрачјето да се формира управа од локални елементи.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на САД во август 2016 година го зазеде од терористичката организација ДЕАШ и го окупира подрачјето на Менбич кај градот Алепо во северниот дел на Сирија. 

Населението на Менбич повеќе од 90 насто го сочинуваат Арапи.

 



Слични вести