Спасени сите 34 заглавени илегални имигранти на еден мал остров кај Чешме во Егејот

Екипите на турската крајбрежна стража по добиени информации дека на малиот остров Богаз во близина на Чешме кај Измир во Егејското Море останале заглавени илегални имигранти реализираа успешна операција за спасување на 34-јца илегални имигранти

1012064
Спасени сите 34 заглавени илегални имигранти на еден мал остров кај Чешме во Егејот

Спасени сите 34-јца илегални имигранти кои останале заглавени на еден мал остров во Егејското Море во близина на познатото туристичко одморалиште Чешме кај градот Измир.

Екипите на Командата на турската крајбрежна стража реализираа операција за спасување на илегалните имигранти кои останале заглавени на малиот остров Богаз во Егејското Море во близина на населеното место и познато туристичко одморалиште Чешме.

Според добиени информации, екипите на турската крајбрежна стража по добиени информации дека на малиот остров Богаз во близина на Чешме останале заглавени илегални имигранти веднаш преминаа во акција и реализираа операција за спасување на 34-јцата илегални имигранти.

Веднаш на местото на настанот беа испратени хеликоптери и екипи.

Во реализираната операција за спасување  во која учествуваа и два хеликоптери беа спасени сите илегални имигранти.

Во истата област утрово беа фатени уште 57 илегални имигранти кои со чамец се обидуваа да преминат во Грција.

Фатените илегални имигранти беа однесени во населеното место Чешме каде што најпрвин поминаа од лекарска контрола, а потоа им беа предадени на надлежните на градската Управа за миграција.



Слични вести