Состанок на работната група помеѓу Турција и САД во Анкара

На состанокот на работната група помеѓу Турција и САД во Анкара учествуваат функционери на министерствата за правда, внатрешни и надворешни работи на двете земји и се разменуваат мислења во однос на низа прашања

1011986
Состанок на работната група помеѓу Турција и САД во Анкара

Во Анкара се одржува состанокот на работната група помеѓу Турција и САД.

Според добиени информации од дипломатски извори, Турција и САД по различни поводи редовно ги разгледуваат различните димензии на билатералните односи помеѓу двете земји на техничко ниво.

Во тие рамки, на состанокот што се одржува во турското министерство за надворешни работи се разменуваат мислења во однос на низа прашања како што се борбата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на чело со предавањето на терористичкиот водач Фетулах Ѓулен, судската соработка помеѓу двете земји и за турските и американските државјани кои се уапсени во двете земји. 

На состанокот учествуваат функционери на министерствата за правда, внатрешни и надворешни работи на двете земји.

Инаку, за време на посетата на поранешниот американски државен секретар Рекс Тилерсон на Турција на 16 февруари беше одлучено да се формира механизам помеѓу двете земји, а со цел надминување на разидувањата во ставовите и повторно воспоставување на меѓусебната доверба.  

Во тие рамки едната од трите работни групи кои што беа формирани ја сочинуваат ФЕТО, конзуларните работи, работите за визи, правните прашања и американските државјани кои се уапсени во Турција.

По состанокот се очекува да се објави заедничко соопштение.



Слични вести