Петмина терористи на ПКК им се предадоа на безбедносните сили кај Ширнак и Мардин

Петмина терористи на ПКК им се предадоа на безбедносните сили кај градовите Ширнак и Мардин во југоисточниот дел на земјата

1011807
Петмина терористи на ПКК им се предадоа на безбедносните сили кај Ширнак и Мардин

Петмина терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК им се предадоа на турските безбедносни сили кај градовите Ширнак и Мардин, во југоисточниот дел на земјата.

Според добиени информации од интенет страницата на Генералштабот, четворица терористи на ПКК кои избегале од местата каде што се засолнуваат во северниот дел на Ирак им се предале на безбедносните сили во населеното место Силопи кај градот Ширнак.

Во населеното место Бејтушшебап пак во реалзирана операција против терористичката организација ПКК/КЏК беа притворени 16 осомничени лица меѓу кои и тројца француски државјани од кои една жена.

Операцијата била реализирана за фаќање на осомничени лица кои и помагале и соработувале со теористичката организација ПКК/КЏК.

Во населеното место Кизилтепе кај градот Мардин пак еден терористи припадник на терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ кој избегал од местата за засолнување во Сирија, им се предаде на турските безбедносни сили.

Од друга страна, во реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во последната една недела се неутрализирани 76 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК меѓу кои и тројца од таканаречениот лидерски кадар на оваа терористичка организација.

Бројот на неутрализираните терористи во операцијата маслиново гранче во подрачјето на Африн во северниот дел на Сирија пак достигна до 4.500.



Слични вести