Средба меѓу Ердоган и Меркел на маргините на Самитот на НАТО во Брисел

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на своите билатерални средби кои што ќе ги оствари на маргините на Самитот на НАТО во Брисел првата средба ја оствари со германската канцеларка Ангела Меркел

Средба меѓу Ердоган и Меркел на маргините на Самитот на НАТО во Брисел

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на маргините на Самитот на НАТО во белгискиот главен град Брисел оствари средба со германската канлцерка Ангела Меркел.

Меркел беше првиот лидер со кој се состана претседателот Ердоган во рамките на своите билатерални средби кои што ќе ги оствари по повод лидерскиот самит на НАТО во Брисел.

Средбата помеѓу Ердоган и Меркел траеше приближно 40 минути.

Германската канцеларка Ангела Меркел му честита на претседателот Ердоган за реизборот на одржаните избори на 24 јуни.

На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин.

 



Слични вести