НАТО одлучи да ги зголеми мерките против заканите кон јужните граници на Турција

Првиот ден од Самитот на Алијансата во белгискиот главен град Брисел заврши со објавување на завршна декларација во која меѓу другото се вели дека одлучи да ги зголеми мерките против заканите кон јужните граници на Турција

НАТО одлучи да ги зголеми мерките против заканите кон јужните граници на Турција

НАТО донесе одлука за зголемување на мерките против заканите кон јужните граници на Турција.

Првиот ден од Самитот на Алијансата на кој во белгискиот главен град Брисел се состанаа шефовите на држави на земјите членки заврши со објавување на завршна декларација.

Во 23-от член на декларацијата се нагласува одлуката на Сојузот за зголемување на мерките против јужните граници на Турција и се дава пораката за соработка во борбата против тероризмот. 

Во завршната декларација се вели „Продолжуваме да ја следиме и проценуваме заканата од балистички ракети (против Турција) од Сирија“, а воедно се додава и следното: „Сојзуниците се во единство и солидарнсот во борбата против тероризмот. Заедно се спротивставуваат на заканите и предизвиците.“



Слични вести