Ердоган првата надворешна посета ја оствари на Азербејџан

Како резултат на меѓусебната координација беа решени низа прашања во борбата против терористичките организации и особено ФЕТО

Ердоган првата надворешна посета ја оствари на Азербејџан
erdogan-aliyev1.jpg

По изборот за претседател на Република Турција и новиот претседателски систем на управување, претседателот Реџеп Тајип Ердоган првата официјална посета ја оствари на Азербејџан.

Ердоган во палатата Загулба во Баку од страна на домаќинот претседателот на Азербејџан Илхам Алијев беше пречекан со високи државни почести.

Нешто потоа Ердоган и Алијев остварија тет-а тет средба и претседаваа со разговорите меѓу делегациите.

Двајцата претседатели по средбите одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека односите меѓу Турција и Азербејџан продолжуваат да јакнеат врз основа на принципот еден народ, две држави.

Турција е земја која во последниот период го зголеми извозот во одбранбената индустрија рече Ердоган потенцирајќи дека искуството на тоа поле со братските земји сакаме да го споделиме на посебен начин.

Турција има за цел обемот на билатералната трговска размена да се зголеми за 2 или 3 пати.

Во освртот на борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) претседателот Ердоган рече дека како резултат на меѓусебната координација беа решени низа прашања на тоа поле.

Претседателот Ердоган пред да се состане со азербејџанскиот колега Алијев, го посети гробот на покојниот претседател на Азербејџан Хајдар Алијев и Споменикот на азербејџанските херои.

По положувањето венец на гробот на Хајдар Алијев, претсдетаелот Ердоган положи венец и на гробот на неговата сопруга Зарифе Алијева.

Претседателот Ердоган положи венец на Спомен гробот на хероите кои загинаа на 20 јануари наречен Споменик на вечниот оган.

Претседателот Ердоган ги посетите и гробиштата на турските херои во Баку каде што исто така положи венец на споменикот и посебно по еден каранфил на сите гробишта.

Ердоган во спомен книгата го напиша следното:

„Наши свети херои, по историските избори на 24 јуни, се чувствувам многу среќен што како прв претседател на Републиката во новиот претседателски систем на уредување, се наоѓам на местото на вашиот духовен мир. Инспириран од вашата пожртвуваност, се надевам дека и во иднина ќе ја продолжиме борбата за унапредување на турско-азербејџанските односи на секое поле. Ви посакувам вечна слава.

По посетата на Баку претседателот Ердоган отпатува за Турската Република Северен Кипар.



Слични вести