Во железничката несреќа во близината на Чорлу кај Текирдаг загинаа 24 лица

Министерот за транспорт, поморство и комуникации Ахмет Арслан рече дека последните контроли на железничката пруга беа извршени во април

1008947
Во железничката несреќа во близината на Чорлу кај Текирдаг загинаа 24 лица

Во железничката несреќа во близината на Чорлу кај Текирдаг загинаа 24 лица.

Министерот за здравство Ахмет Демирџан во изјавата за печатот рече дека 124 патници се наоѓаат на хоспитализација, додека 194 патници чија хоспитализација беше извршена во амбулантите, беа пуштени.

Министерот за транспорт, поморство и комуникации Ахмет Арслан рече дека последните контроли на железничката пруга беа извршени во април.

Вчера уште 7 возови ја користеа истата пруга, рече министерот Арслан потенцирајќи дека како последица на поројните дождови, дојде до оштетување на отворите под пругата.

Во рамките на истрагата која што започна, двајцата машиновозачи беа повикани во јавното обвинителство да дадат исказ.



Слични вести