Турција го осуди терористичкиот напад во сомалискиот главен град Могадишу

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дочекана веста за терористичкиот напад во главниот град на Сомалија Могадишу во кој животот го загубија и беа ранети голем број лица

1008015
Турција го осуди терористичкиот напад во сомалискиот главен град Могадишу

Турција го осуди терористички напад во Сомалија.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дочекана веста за терористичкиот напад во главниот град на Сомалија Могадишу во кој животот го загубија и беа ранети голем број лица. 

Во соопштението се осудува терористичкиот напад на чија мета се наоѓаат безбедноста и стабилноста на Сомалија, се посакува милост од Аллах за жртвите во нападот, се изразува сочувство до нивните блиски, а на ранетите им се посакува побрзо оздравување.

Во соопштението на министерството за надворешни работи на Турција исто така се додава и следното: „Турција ќе продолжи да стои покрај сомалискиот народ и сомалиската влада во нивната борба против тероризмот и воспоставувањето на стабилноста.“

Инаку, во реализираниот самоубиствен напад од страна на членови на терористичката организација Еш-Шебаб со возило натоварено со бомби вчера на сомалиското министерство за внатрешни и федерални работи во главниот град Могадишу животот го загубија 10 лица, а 20 лица беа ранети.



Слични вести